Овој документ има за цел да ја едуцира широката јавност за постоењето на антициганизмот како концепт, но и да го препознае неговите карактеристики. Водичот започнува со краток вовед за актуелната состојба и продолжува со основни информации како што се: што претставува антициганизам, објаснувајќи ја терминологијата и димензиите на антициганизмот.

Вториот дел од трудот се фокусира на обезбедување на неколку студии на случај на антициганизам во нашата земја и Европа. Методот на студија на случај е истражувачка алатка кое испитува и опишува реален современ феномен. Како метод на истражување, методологијата на студија на случај е добро воспоставена во општествените науки.

Овој пристап може да помогне да се информира практиката со илустрација на тоа како антициганизмот функционира во реалниот живот, какво влијание има врз ромската заедница и кои се прашањата и дилемите околу антициганизмот.

Третиот дел има за цел да ја мотивира и охрабри јавноста да излезат од нивната комфорна зона и да се вклучат во борбата против антициганизмот со развивање на креативни алатки.

Важно е да се спомене дека овој водич е заснован на Референтниот документ подготвен од страна на Алијансата против антициганизмот, која е повремена коалиција на организации кои промовираат еднаквост на правата за Ромите.

ВОДИЧОТ Е ДОСТАПЕН ЗА ПРЕГЛЕД И ПРЕВЗЕМАЊЕ ТУКА.