На 28 Октомври 2021 г. Во канцеларијата на Даелегацијата на ЕУ во Скопје  на барање на тимот на проектот Заедно за просперитетна заедница се оствари средба  со претставникот и контакт Менаџерот на програмите за Роми на ЕУД  во Република Северна Македонија, г-дин Нафи Сарачини.

На средбата беше презентиран проектот и планираните активности и се споделија информации за тековните проекти и програми на ЕУ кои е во насока на подобрување на условите за живот и интеграсција на заедницата на Роми во Рпублика Севрна Македонија.

Состанокот беше од информативен карактер во насока на остварување на добра соработка и координација, соодветно планирање на активностите и избегнување на дупло финансирање на активности, средства и човечки потенцијал.