Европскиот Ромски институт за уметност и култура (ЕРИАК), првата транснационална институција на најголемото малцинство во Европа, организира јавен настан за да го запознае ЕРИАК со пошироката јавност и да ја зајакне соработката помеѓу ЕРИАК и енергичната историска ромска уметничка и културна сфера во ” Шутка ” и мејнстрим уметнички и културни институции во Македонија.

Настанот ќе се фокусира на богатото ромско културно наследство и значајна улога на ЕРИАК за промовирање на разновидноста на пристапи кон културно признавање. Настанот има за цел да ги вклучи сите учесници во главните текови и ромите во областа на уметноста и културата, како и да развие соработка на национално регионално и европско ниво.

Овој настан е прв настан на ЕРИАК во Македонија, кој претставува одлична можност за зголемување на видливоста на ромската уметност и култура на национално ниво. Настанот ќе го одбележи почетокот на развивањето на поблиска соработка помеѓу различни Ромски и не-Ромски засегнати страни во македонската уметност и културна сцена и има за цел да ги охрабри институциите и носителите на одлуки да ја обноват својата посветеност кон признавање на ромското културно наследство.

Присуствувајте на настанот каде што секоја компонента дава можност за уживање во богатството и високиот квалитет на уметничкиот и културен свет на “Шутка” како и употребата на уметноста и културата во борбата за социјална правда:

– Поздравен говор на г-а. Тимеа Јунгхаус, директорка на ЕРИАК, г-а. Катрин Фрихинсфел , шеф на одделот за култура и образование при Германска амбасада во Скопје и г-дин Курто Дудуш, градоначалник на Шуто Оризари;

– Панел дискусија со г-а. Севдија Абдулова поранешен уредник на “Бијандипе” во националната телевизија МТВ, г-дин. Срѓан Амет, ромски НВО активист, г-дин. Аксел Ахмедовски, министер без ресор задолжен за спроведување на Стратегијата за Ромите, и г-дин. Елвис Мемети, советник за спроведување на Стратегијата за Ромите во министерството за труд и социјална политика. Темата на дискусијата е: Предизвиците и иднината на ромската уметност и култура во Македонија;

– Уметничка изложба на г-дин. Дурмиш Ќазим со негова уметничка компилација

– Музичка изведба на г-а. Бајса Арифовска, музички автор на етничка музика и асистент на оркестарот “Танец”;

– Театарска претстава “Roma Refreshment” фокусирана на геноцидот на Ромите во Втората Светска Војна од страна на “Театар Рома”.

Учеството, акредитација на печат и дополнителни прашања ве молиме контактирајте го: координатор на ЕРИАК во Македонија Суад Скендери, +389 78 223 720.

Повеќе информации: www.eriac.org

Програмата е дел од Иницијативите за вмрежување на културни институции на Европскиот Ромски институт за уметност и култура (ЕРИАК). Иницијативите за вмрежување на културни институции на Европскиот Ромски институт за уметност и култура (ЕРИАК) се поддржани од германското Министерство за надворешни работи.

 

#ERIAC #Macedonia #ShutkaLesson