По повод одбележувањето на 27ми Јануари – Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот, Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико организираше две работилници во средното училиште “Шаип Јусуф“ во Шуто Оризари, во рамките на проектот “Маргинализацијата и прогонството на Ромите во минатото и денес“, имплементиран од Ромскиот младински центар со поддршка на ЕУ. На работилниците присуствуваа околу 80 ученици од трета и четврта година чија цел беше да се запознаат со значењето на овој ден, како и да се здобијат со личните искуства од преживеаните Роми за време не холокаустот.

Прочитај повеќе