Шаќири важи за еден од ретките ромски активисти кој неуморно се залага за рамноправност и еднаков третман на ромите. Неговиот говор за време на официјалниот настан беше целосно во насока на пренесување на порака до сите кои што се залагаат за заштита на човековите права, повикувајќи се на заеднички соживот, мир и стабилност.
“Студиите по човекови права ме подготвија со потребните знаења за да дадам придонес во мојата заедница. Сега сме поспособни и по-подготвени од било кога да дадеме допринос за нашата заедница. Ние сме надежта за мир и просперитет на Европа. Како членови на семејството на ЦЕУ, секогаш треба да се бориме за она во што веруваме и за она за кое се залагаме. Доколку нашите претходни лидери не го кренале гласот, денес нашиот живот би бил поинаков затоа и ние мора да го направиме истото за следните генерации.” – вели Елвис Шаќири
Елвис Шаќири од Тетово, магистрира на правниот департмент – Човекови права при Централно Европскиот Универзитет во Будимпешта. Во 2010-та дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа – Тетово. Во претходните години има работено во неколку Невладини Организации чијшто главен фокус се правата на Ромите. Елвис Шаќири е еден од основачите на Ромалитико – академски медиум основан во Март 2013 година со цел критички да ги анализира политиките за Ромите во Република Македонија од областа на Политика, Економија, Право и Родови студии.