Центарот за економски анализи (ЦЕА) од Скопје заедно со Институтот за истражување и анализи на политики- Ромалитико го спроведуваат проектот: Граѓанско општество за интеграција на Ромите – Во сенка.
Како дел од активностите на проектот, извршен е мониторинг на спроведувањето на Стратегијата за Роми во Република Македонија и Националните акциски планови кои произлегоа од истата, а се однесуваат за четирите приоритетни области: вработување, домување, здравство и образование.