Групата за Заложба и Единство на Ромите во Република Македонија Ве информира дека во претходниот период, различни групи – претставници на политички партии,  граѓанскиот сектор, бизнисмени, лингвисти, историчари, студенти и алумни, вработени во јавната администрација, ромската заедница и ромски медиуми, разговараа и дебатираа за своите интереси, приоритети и заеднички заложби на Ромите во Република Македонија. Како резултат беше изготвена и Декларација за Стратешки интереси на Ромите во Република Македонија.