Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико Скопје распишува оглас за едно (1) слободно работно место на позиција финансиски асистент.
Финансискиот асистент/ка ќе биде одговорен/а за водење на финансиските и административните аспекти на организацијата, вклучително:
- Прием на документи и соодветно архивирање
- Набавка на материјали и услуги, според воспоставените правила за финансиско и административно работење во организацијата
- Логистичка поддршка при организација на настани
- Подготовка на налози за исплата, плаќања, банкови усогласувања, водење даноци
- Комуникација и дневно работење со банка, сметководство, авторска агенција и комуникација со партнери и соработници за финансиско-административни прашања
- Подготовка на организациски и проектни финансиски планови
- Подготовка, ажурирање и анализа на организациски и проектни финансиски извештаи во интервали според потребите на организацијата и барањата на донаторите
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации:
- Завршено високо образование во соодветната област – економија, финансии, сметководство и ревизија
- Најмалку 2 години работно искуство на наведената позиција во областа на финансискиот менаџмент
- Работно искуство во граѓанскиот сектор
- Основно познавање на сметководството
- Одлично познавање и активно работење со Microsoft Office пакетот
- Одлично познавање и активно користење на деловен англиски јазик (говорен и пишан)
- Познавање и следење на актуелните промени, случувања и законски регулативи во областа на финансиите и сметководството
- Високо развиени аналитички и комуникациски способности, посветеност, лојалност, доверливост, комуникативни и презентациски вештини, вештини за организирање, капацитет за тимска и независна работа
- Желба за учење за приватен и професионален раст
Работното време за оваа позиција e 40 часа неделно, од понеделник до петок, од 09:00 до 17:00 часот.
Работниот ангажман за оваа позиција е предвидено да започне на почетокот на месец Декември 2017, а ќе трае 18 месеци (заклучно со Април 2019) со можност за продолжување во зависност од потребите на организацијата.
Заинтересираните кандидати својата кратка биографија (CV 2 страни) и мотивационо писмо (1 страна), треба да ја испратат најдоцна до 10 Декември 2017 година, до 17 часот, на следнава електронска адреса: [email protected] со назнака: апликација за финансиски асистент.
Апликациите на кандидатите кои не ги исполнуваат наведените услови и кои нема да бидат испратени до предвидениот рок нема да бидат разгледувани. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.
За повеќе информации превземете го повикот во .pdf тука