За разлика од двете најголеми етнички заедници во земјата поддршката на ромската заедница според истражувањето на Ромалитико за членство во ЕУ е поголема од етничките Македонци за 8% (65.48%), но е помала за 14% во однос на Албанците според според последното испитувањето на јавното мислење спроведено од Фондација Конрад Аденауер во Република Северна Македонија и Институт за демократија „Социетас Цивилис“. Воглавно, главни очекувања на ромската заедница со влез на државата во ЕУ се очекува подобар животен стандард како и поголема сигурност и стабилност на земјата. Исто така, иницијатива Отворен Балкан има значителна поддршка од страна на ромската заедница пред се поради можноста за слободно движење во соседните земји и можноста за работа на подолг период во соседните земји.
Оваа анализа на јавното мислење на ромската заедница за евроинтеграцијата на Република Северна Македонија е прва од серијата на анализи за перцепцијата на ромската заедница кои Ромалитико ќе ги спроведува секоја година со цел да ја следиме перцепцијата на ромската заедница за процесот на евроинтеграцијата.
Кликнете тука за да ја прочитате целата анализа