ПОВИК бр. 05/2022

ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ДОГОВОРНИ УСЛУГИ ОД ОБРАЗОВНИ ИНСТИТУЦИИ НАДЛЕЖНИ ЗА ДООФОРМУВАЊЕ НА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ВОЗРАЗНИ ЛИЦА ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ НА УСАИД ЗА ИНКЛУЗИЈА НА РОМИТЕ

 

Датум на објава: 10.10.2022

Краен рок на аплицирање: 9.11.2022

Почеток на ангажман: ноември, 2022

 

Институтот за истражување и анализа на политики – РОМАЛИТИКО го спроведува Проектот на УСАИД за инклузија на Ромите во партнерство со Здружението на граѓани – РОМАВЕРЗИТАС, Здружение на граѓани – Иницијатива за економски развој на Ромите – РЕДИ и Организација за јакнење и организирање на ромската заедница – РОМАНО АВАЗИ. Овој проект е финансиски поддржан од страна на Агенцијата на САД за меѓународен развој, УСАИД – Македонија и ќе се имплементира до јануари 2024 година.

Целта на проектот е да ја мотивира Ромската заедница и граѓанските организации да преземат лидерски улоги во развојот и спроведувањето на националните стратегии и политики кои се однесуваат на вклученоста на Ромите, да ги следат и држат владините институции за одговорност кон решавање на ромските прашања и потреби.

 

Институтот за истражување и анализа на политики – РОМАЛИТИКО објавува повик за ангажман на институција која ќе обезбеди програма за дооформување на основно образование (од прво до осмо одделение) во 13 општини за дооформување на основно образование кај 98 возрасни.

 

  1. ЦЕЛ НА ПОВИКОТ:

 

Целта на повикот е да се обезбеди сертифицирано училиште коешто ќе обезбеди реализирање на наставна програма и стекнување со свидетелства за завршени одделенија за возрасни Роми кои немаат завршено основно образование.

 

Целни групи коишто ќе бидат дел од програмата за дооформување на основно образование се:

  • Вкупно 98 Роми од следниве општини: (5 лица) Берово, (7 лица) Виница, (10 лица) Кочани, (8 лица) Велес, (8 лица) Куманово, (6 лица) Прилеп, (8 лица) Радовиш, (10 лица) Штип, (4 лица) Чаир, (4 лица) Ѓорче Петров, (10 лица) Шуто Оризари, Тетово (10 лица) и (8 лица) Кичево.
  • Сите 98 лица се родени пред 2001 година.

 

  1. ГЕОГРАФСКИ ОПФАТ

 

Во рамки на повикот треба да аплицираат училишта коишто можат да ги покријат, односно да обезбедат настава во сите 13 општини предвидени во рамки на програмата: Берово, Виница, Кочани, Велес, Куманово, Прилеп, Радовиш, Штип, Чаир, Ѓорче Петров, Тетово, Шуто Оризари и Кичево.

 

  1. ГЕНЕРАЛНИ КРИТЕРИУМИ ЗА УЧЕСТВО ВО ПОВИКОТ

 

За учество во повикот предвидени се следниве критериуми:

  • училиштето треба да биде правно лице
  • училиштето треба да има сертификат за работење како училиште од страна на Министерство за образование и наука на Република Северна Македонија
  • училиштето треба да ги покрива сите општини наведени во повикот
  • училиштето треба на крајот од наставната програма да подготви и додели свидетелства на учениците кои успешно ќе ја завршат програмата

 

  1. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

 

Училиштата аплицираат со пополнување на пријава која е потребно да ги содржи следниве документи:

 

  1. Тековна сметка не постара од 6 месеци од денот на аплицирање (Прилог 1);
  2. Наставна програма за сите 8 учебни години односно (прва година – прво и второ одделение, втора година – трето и четврто одделение, трета година – петто и шесто одделение, четврта година – седмо и осмо одделение) (Прилог 2);
  3. Финансиска понуда за секоја од учебните години по лице, како и за лица без нитуедно одделение (Прилог 3).

 

Документите за аплицирање треба да се достават по електронски пат на е-маил адреса: [email protected] ([email protected] во cc), најдоцна до 9.11.2022 година со назнака (предмет) „Апликација за ангажирање на училиште за дооформување на основно образование на возрасни“.

Дополнителни информации за повикот можете да добиете во просториите на Институтот Ромалитико во Скопје на адреса (Аминта Трети 33а 1/25) , на тел: 075/314-504, или електронски на е-маил адресите: [email protected] и [email protected] секој работен ден најдоцна до 30.10.2022 од 08.00 до 16.00 часот.