Позиција: Еден (1) проектен менаџер
Место: Скопје, Република Северна Македонија
Работен јазик: Македонски јазик
Работно време: 8 работни часа дневно
Рок за аплицирање: 17 ноември 2023

Институтот за истражување и анализи на политики – Ромалитико во периодот Јануари 2021 до Јануари 2026 година го спроведува проектот насловен Проект на УСАИД за инклузија на Ромите, финансиран од УСАИД – Македонија во партнерство во партнерство со организациите ЗГ ,,Иницијатива за Економски Развој на Ромите- РЕДИ”, Организација за јакнење и организирање на ромската заедница “Романо Авази” и Здружение на граѓани Ромаверзитас. Целта на проектот е да го зголеми капацитетот на ромските лидери во заедницата како и да овозможи нивно вклучување во Националната стратегија за имплементација на Роми, Стратегијата едно општество и вклучување во процесот на дизајнирање на локални акциони планови за Роми. Исто така со овој проект се одвива процес на развој предводен од заедницата во дваесет општини во кои се даваат услуги и информации поврзани со правна, социјална заштита и поддршка на социјално претприемништво.

Опис на одговорности и задачи:

• Проектниот менаџер треба да планира, имплементира и успешно да ги извршува активностите во согласност со проектот и дефинираните рокови.
• Проектниот менаџер треба да обезбеди поддршка и координација согласно планот за работа на проектот.
• Проектниот менаџер треба да подготвува проектна документација, планови и извештаи во согласност со проектот.
• Проектниот менаџер треба да подготвува и координира со тендерска документација за набавки потребни во проектот.
• Проектниот менаџер треба редовно да комуницира со проектниот директор и партнерите како и засегнатите страни за статусот на имплементација на проектот.
• Проектниот менаџер треба да извршува и други активности поврзани со имплементација на проектот.

Квалификации:

Кандидатите кои ќе аплицираат на повикот треба да ги поседуваат следните квалификации:
• Завршено минимум високо образование (додипломски студии) од областа на општествените науки или други области дополнети со искуство во соодветната област
• Стекнато минимум 2 години работно искуство во менаџирање на програми/проекти
• Поседување на вештини за раководење со проект
• Напредно познавање на Microsoft Office (Word, Excel, Power Point) и интернет алатки
• Одлично познавање на Англиски јазик
• Претходно работно искуство во програми или проекти финансирани од страна на УСАИД ќе се смета за дополнителна предност

Доставување на апликации:

Кандидатите за проектен менаџер треба да ги достават следните документи:
• CV
• Мотивациско писмо
• Листа на референци (работодавачи) за контакт
Документите за пријавување треба да се достават по електронски пат на е-маил адреса: [email protected], најдоцна до 17 ноември 2023 година со наслов „Апликација за проектен менаџер“

Селекција на кандидатите:

Селекцијата на подобните кандидати за проектен менаџер ќе ја врши комисија креирана од страна на Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико
Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико го почитува начелото на еднаков третман и недискриминација во одлуките.

Критериуми за селекција:
• Исполнување на условите на повикот
• Квалитетот на доставените документи
• Освоени поени на интервјуто

Само подобни кандидати ќе бидат повикани на интервју.
За одлуката за селекција на кандидатите ќе бидат известени само кандидатите кои ќе бидат повикани на интервју. Институтот Ромалитико го задржува правото да не ги извести одбиените кандидати за причините за нивно одбивање.

Дополнителни информации за повикот можете да добиете во просториите на Институтот Ромалитико во Скопје на адреса (ул. Мајаковски бр. 12/1-18), секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот или електронски на е-маил адресата: [email protected]