На 10 декември 2021 во рамки на втората фаза на РОМАКТЕД програмата „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“ се одржа промотивен настан на кој беа потпишани Меморандуми за соработка помеѓу Советот на Европа, Министерството за труд и социјална политикаи и општините партнери во имплементацијата на оваа програма.
На настанот покрај Министерката за труд и социјална политика, Јагода, Шахпанска воведни обраќања имаа и претставникот од Делегацијата на ЕУ во Скопје, Штефен Худолин, Програмскиот менаџер на РОМАКТЕД програмата Марина Васич, Советникот за инклузија на Роми при Кабинетот на Претседателот на Владата Елвис Мемети и извршниот директор на РОМАЛИТИКО како организација за поддршка на имплементацијата на оваа фаза на програмата, Елвис Шаќири.
Говорниците истакнаа дека ромската заедница и понатаму останува високо на агендата на приоритети и посветеноста за подобрување на положбата на Ромите на институциите, меѓународните организации и граѓанскиот сектор е од големо значење.
По воведниот дел следеше свечено потпишувување на Меморандум за соработка со општините партнери со што и официјално започна имплементацијата на втората фаза на РОМАКТЕД програмата.
Програмата РОМАКТЕД II е дизајнирана за да гради политичка волја и одржлив ангажман на политиката на локалните власти, а нејзината цел е да го зајакне демократското локално управување, да изгради капацитет и да го стимулира зајакнувањето на локалните ромски заедници.
РОМАКТЕД II програмата „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“ започна да се имплементира во јануари 2021 и ќе трае до декември 2024, а истата ефинансирана од Европската Унија и Советот на Европа и имплементирана од Советот на Европа додека пак Институтот за истражување и анализа на политики – РОМАЛИТИКО е новата организација за поддршка за спроведување на втората фаза на програмата.