Во периодот од 25-27 март 2022 година се одржа шестиот модул од Барвалипе школата на тема „Сензитивизација за маргинализирани групи“ во хотел „Романтик“ – Велес, каде учество земаа 36 теренски соработници од Проектот на УСАИД за инклузија на Ромите.
Се разработија следните теми:
1. Предизвиците и бариерите со кои се соочуваат лицата со попреченост во Република Северна Македонија (практични примери и симулација на реални ситуации)
2. Пристапи и комуникација со лицата со попреченост
3. Дефинирање на поими: род и пол, родови норми, родова еднаквост и рамноправност
4. Родот низ призма на културата: родовите норми во ромската култура и родовата еднаквост во Македонија
5. Различност (опресија, еднаквост, правда, слобода, емпатија, релации) и разбирање на родот и сексуалната ориентација
6. Концепт на човекови права, политичко значење и позиции на ЛГБТИ активизмот
Предавачи во рамки на модулот беа Проф. д-р Николина Кениг од Институтот за Психологија при УКИМ, Елена Петровска од Коалицијата „Маргини“ и Александра Божинова од Црвениот Крст на Република Северна Македонија.
Дополнително, проектните менаџери со сите теренски соработници работеа на анализа на контекст и одржаа презентации за годишен план, работни документи и предлог активности.
Теренските соработници, во текот на трите дена, преку интерактивни вежби се стекнаа со знаења и вештини кои ќе им послужат во работењето со маргинализирани групи од ромската заедница во иднина.
Целта на Проектот на УСАИД за инклузија на Ромите е да го зголеми капацитетот на ромските лидери во заедницата како и да овозможи нивно вклучување во Националната стратегија за имплементација на Роми, Стратегијата едно општество и вклучување во процесот на дизајнирање на локални акциони планови за Роми.