Институтот за истражување и  анализа на политики – Ромалитико е избрана организација која ќе понуди оперативна и логистичка поддршка на имплементацијата на втората фаза на РОМАКТЕД Програма „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“, спроведуванa од Советот на Европа.

Втората фаза од оваа програма претставува продолжение на спроведувањето на првата фаза на Програмата ROMACTED на Западен Балкан и Турција (2017-2020), која служи за консолидирање и проширување на напорите за подобрување на интеграцијата на ромското население во локалните заедници преку зајакнато учество во локално креирање на политики и спроведување на локални акции.

ROMACTED II ќе обезбеди поддршка на локалните власти за интегрирање на димензиите/мерките специфични за Ромите во главните локални политики, акциони планови поврзани со овие политики, буџети и испорака на јавни услуги, со што ќе се зајакне демократското учество и зајакнување на локалните ромски заедници.

Целните групи на Програма се локалните јавни администрации и ромските заедници од избраните општини-партнери. Генерално, проектот ќе биде насочен кон 70 општини во земјите – кориснички од Западен Балкан од кои 15 општини во Република Северна Македонија.

Покрај Ромалитико, како дел од Националниот тим за поддршка процесот на имплементација се и проектниот координатор од канцеларијата на Советот на Европа во Скопје и група од фацилитатори и тематски консултанти, кои заедно ќе работат кон постигнувањето на целите на Програмата.