Како дел од активноста за Мобилизација на локални чинители и засегнати страни и Мапирање на приоритетни прашања и проблеми на заедницата, тимот на проектот Заедно за просперитетна заедница во ноември и декември 2021 година спроведе средби со заедницата на Роми во 15 општини низ Република Северна Македонија.

На средбите учествуваа претставници од заедницата на Роми од различни профили и ниво на образование, вклучително млади Роми, Ромки, претставници на Ромски граѓански организации и студенти.

Овие средби се спроведоа следствено на претходниот процес на Мапирање на локални проблеми на заедницата со користење на секундарни извори на податоци како истражувања, анализи и извештаи во рамки на други проекти.

Целта на средбите беше да се допре до заедницата преку отворена дискусија за локалните проблеми и приоритетни прашања кои бараат итно решавање, како примарен извор на податоци, а во исто време и да се потикне нивниот интерес и мотивација за учество во проектните активности. Дел од дискутираните проблеми на заедницата се од инфраструктурна природа и легализација на имоти чие решавање е во надлежност на општината, но најголем дел од проблемите и понатаму остануваат да бидат сиромаштијата, невработеноста и незастапеноста во државните институции.

Со комбинирањето на собраните примарни и секундарни податоци, проектниот тим ќе направи анализа на идентификуваните релевантни проблеми на ромската заедница во целните општини.

Активностите за Мобилизација на локални чинители и засегнати страни и Мапирање на приоритетни прашања и проблеми на заедницата се дел од Проектот Заедно за просперитетна заедница е финансиран од Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), како дел од програмата „Активности за самоодржливост на заедницата“ (ЦСРА), чија цел е да воспостави одржливи системи и да развие капацитети на заедниците, така што заедниците ќе можат да планираат, финансираат и имплементираат решенија за сопствените развојни предизвици и приоритети. Проектот е  имплементиран од страна на Институтот за истражување и анализа на политики–Ромалитико во партнерство со  Здружението на граѓани ”Ромаверзитас”,  Здружение за јакнење и организирање на ромската заедница ,,Романо Авази”, и Здружението на граѓани ,,Иницијатива за Економски Развој на Ромите- РЕДИ Скопје”.