Тимот на проектот Заедно за просперитетна заедница во ноември и декември 2021 година, оствари серија на средби со градоначалници и претставници на локалната самоуправа во 17 општини во Република Северна Македонија, меѓу кои: Ш. Оризари, Тетово, Куманово, Кочани, Радовоиш, Прилеп, Велес, Неготино, Чаир, Гостивар, Виница, Струмица, Битола, Штип, Кавадарци, Ѓ. Петров, Берово.                                                     .

Целта на овие средби беше да се запознае локалната власт со проектот и да се презентираат планираните активности и преку потпишувањето на меморандум за соработка да се обезбеди поддршка во реализација на локални акции од интерес на заедницата и спроведувањето взаемни активности со цел да се даде придонес кон инклузијата на Ромите на локално ниво, како и креирање и имплементирање на идејни решенија во согласност со потребите на локалната заедница.

На средбите беа продискутирани проблемите на заедницата и беа споделени информации од досегашни, тековни и идни интервенции кои се реализирани или се планира да се реализираат во рамки на други проекти.

За истакнување е позитивниот пристап и отвореноста за соработка на сите општини за прашања и активнсти кои ги засега ромската заедница, а се во интерес на подобрување на целокупната благосостојба на заедницата, но и на локалниот развој во целина, кој се формализираше со потпишување на Меморандум за соработка.

Проектот Заедно за просперитетна заедница е финансиран од Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), како дел од програмата „Активности за самоодржливост на заедницата“ (ЦСРА), чија цел е да воспостави одржливи системи и да развие капацитети на заедниците, така што заедниците ќе можат да планираат, финансираат и имплементираат решенија за сопствените развојни предизвици и приоритети. Проектот е  имплементиран од страна на Институтот за истражување и анализа на политики–Ромалитико во партнерство со  Здружението на граѓани ”Ромаверзитас”,  Здружение за јакнење и организирање на ромската заедница ,,Романо Авази”, и Здружението на граѓани ,,Иницијатива за Економски Развој на Ромите- РЕДИ Скопје”