Врз основа на потпишаниот меморандум за соработка на 13.04.2022 помеѓу Ромалитико и КСЗД за спроведување на активностите предвидени во рамките на Проект на УСАИД за инклузија на Ромите, во месец јули 2022 година се договорија пет средби во пет града помеѓу Комисијата за спречување и заштита од дискриминација – КСЗД  и заедницата во хабовите.

Петте средби во хабовите се одржаа по следниот редослед:

  1. На ден 04.7.2022 година во општина Штип. Предавач: Кире Василев (претседател на КСЗД)
  2. На ден 08.07.2022 година во општина Кичево. Предавач: Лимко Бејзаровски (член на КСЗД)
  3. На ден 15.07.2022 година во општина Шуто Оризари. Предавач: Игор Јадровски (член на КСЗД)
  4. На ден 18.07.2022 година во општина Велес. Предавач : Игор Јадровски (член на КСЗД ) и
  5. На ден 19.07.2022 година во општина Куманово. Предавач : Весна Бендевска (членка на КСЗД)

Според доставените листи на присутни од теренската структура во хабот во Шуто Оризари присуствувале 11, во Велес 10, Куманово 22, Штип 10 и во Кичево седум луѓе од заедницата или вкупно 60 луѓе. Во некои од списоците во оваа бројка од 60 луѓе е вклучена и теренската структура и преставниците на КСЗД.

На средбите присутвува преставници од страна на КСЗД кои на заедницата од нивна страна им беше презентиран делокругот и работата на Комисијата. На сите пет средби им беше објаснето што е дискриминација и видовите на дискриминација. Темелно беше објаснет начинот на покренување на постапката за заштита од дискриминација пред Комисијата, од пополнување на преставка и прием до утврдување на дискриминација од нивна страна и понатамошно процесирање на случаевите. Исто така бeше објаснет Законот за заштита од дискриминација.

Последниот дел од предавањето беше интерактивен на кои се давале примери за прекршување на правата и дискриминација.

  1. Според записникот доставен од страна на структурата на хабот во Штип , дојдено е до заклучок дека дека Ромите се најдискриминирани по државните институции и приватните фирми.
  2. Посочено беше дека пректниот тим од Куманово треба преку теренската работа да увиде случаеви на дискриминација и со комуникација со комисијата да бидат пријавени со посебен акцент на институционална дискриминација.
  3. Структурата на хабот во Шуто Оризари нотираше дека на средбата со заедницата беа преставени конкретни случаеви за сомневање дека постои дискриминација во доменот на домување, образование и институции во поглед на регулирање на нивен статус.
  4. Записникот доставен од страна на структурата на хабот во Кичево, нотираше проблеми од страна на заедницата кои беа преставени пред Комисијата. Тоа се: проблеми со легализацијата (домувањето), со предшколска настава за деца Роми, дискриминација во училиштата и неприфаќање на учениците Роми, немањето превоз за ученици Роми кои се во основно образование за разлика од ученици од други националности, дискриминација во здравството итн.
  5. Според записникот доставен од страна на структурата на хабот во Велес, се збореше за случаеви на дискриминација во полето на образование и вработување.

Како заклучок на сите средби во сите пет градови беше тоа дека присутните кои дадоа свои лични примери за постоење на дискриминација треба да поднесат преставки до Комисијата. Исто така беше заклучено дека правните монитори во хабовите ќе ги преземат случаевите во кординација со Комисијата за  спречување и заштита од дискриминација кои пак ќе постапат согласно надлежностите и можностите.