– Ромалитико правеше анализа која се базираше на методологија која ја применува ЕУ. Самата оценка од 1,6 за ромската интеграција во општеството покажува колку навистина владата во изминатиов период се залага за ромските прашања, изјави во „Утрински брифинг“, Дениз Селмани.

– За жал изминатиов период видовме неколку лоши потези на владата – кратење на буџетот за стратегијата за Роми, споро реализирање на политиките. Декларативно оваа Влада покажува интерес за решавање на проблемите, но кога ќе дојде до имплементација тоа не се реализира, додава Дениз Селмани.