На ден 06.11.2021 се одржа обуката „Партиципативно буџетирање на локално ниво – одговорно кон Ромите“ во хотел „Панорамика“ – Скопје, каде учество земаа 25 теренски соработници од Проектот на УСАИД за инклузија на Ромите, 6 граѓански организации и фацилитаторите од втората фаза на РОМАКТЕД програмата.
Се разработија следните теми:
1.Партиципативно буџетирање и неговото значење
2.Состојбата и предизвиците со партиципативното буџетирање на локално ниво
3.Буџет, буџетски процес и временски рамки на локално ниво
4.Облици и форми на партиципативно буџетирање и засегнати страни во процесот на партиципативно буџетирање
5.Значајноста на потребите на локално ниво како и стратешките
политики, програми и проекти во процесот на партиципативно
буџетирање
Учесниците преку интерактивни вежби се стекнаа со знаења и вештини кои ќе им послужат во работењето со ромската заедница во иднина.
Целта на Проектот на УСАИД за инклузија на Ромите е да го зголеми капацитетот на ромските лидери во заедницата како и да овозможи нивно вклучување во Националната стратегија за имплементација на Роми, Стратегијата едно општество и вклучување во процесот на дизајнирање на локални акциони планови за Роми.