На 10 и 11 ноември 2021 во рамки на втората фаза на РОМАКТЕД програмата, Институтот Ромалитико и Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје спроведоа обука за Ромскиот идентитет и борба против антициганизам.

Обуката беше наменета за членовите на Акциската локална група и претставници на локалната администрација во 15те партнер-општини: Крива Паланка, Струмица, Шуто Оризари, Дебар, Кочани, Битола, Велес, Виница, Штип, Делчево, Берово, Кичево, Тетово и Прилеп.

Во рамки на овие обуки беа опфатени обележја на ромскиот идентитет, историја на Ромите, разбивање на стереотипите кон ромската заедница, формите на дискриминација и антициганизам.

Целта на обуката за Акциската работна група беше зајакнување на идентитетот за Роми и запознавање на формите на дискриминација и антициганизам, од една страна, додека пак за преставниците на локалната администрација целта на обуката беше да се приближи кутурата и идентитетот на ромската заедница до администрацијата во насока на зголемување на довербата кон оваа заедница.

На двете обуки беа опфатени скоро 100на претставници од овие две таргет групи.

РОМАКТЕД II програмата „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“ започна да се имплементира во јануари 2021 и ќе трае до декември 2024, а истата ефинансирана од Европската Унија и Советот на Европа и имплементирана од Советот на Европа.