Од 24-26 декември 2021 година во Хотел Парк Скопје, во рамки на проектот Заедно за просперитетна заедница се спроведе обука за новоформираната локална структура од 24 консултанти.
Целта на обуката беше да ги зајакне капацитетите на локалната структура со знаење и вештини за соодветно извршување на активностите предвидени со проектот. Стекнатото знаење од оваа обука понатаму ќе им служи за соодветно извршување на задачите поврзани со ефикасно мобилизирање на заедницата, идентификација на потреби и приоритети и идентификација на засегнати страни.
Во петокот и саботата учесниците работеа на мапирање, идентификација на проблеми, потреби и нивно приоритизирање во рамка за делување со засеганти страни, а во неделата на начини за ефективно мобилизирање на заедницата.
Обуката ја водеше сертифициран обучувач за областа, Срџан Амет.