Предвремените парламентарни избори беа предизвикани поради политичката криза која ја зафати Република Македонија. Лидерот на најголемата опозициска партија, Социјал Демократски Сојуз на Македонијса (СДСМ), Зоран Заев во Февруари 2015 почна да објавива прислушувани разговори за кои се тврди дека наводно укажуваат на вмешаност на високи државни функционери и државни службеници во изборна измама, корупција, злоупотреба на власта, корупција и притисок врз медиумите.

Во неколку прислушувани разговори, може да се слушнат изјави на министри со несоодветен речник кон Ромите. Дополнително, од преслушуваните разговори може да се слушне разговор за поткупи на гласачи Роми. Преку јавни изјави, Партијата за Еманципација на Ромите од Македонија (ПЦЕР) и неколку невладини организации јавно ги осудија владините.

Процесот пред избори беше проследен како динамичен период полн со настани и политички немири. Меѓутоа, како прв чекор во решавање на политичката криза беше Пржинскиот договор потпишан на 2-ри Јуни 2015-та година. Всушност овој договор беше потпомогнат од страна на Европската Унија и Американската Амбасада во Скопје кои како медијатори ги седнаа на заедничка маса четирите политички партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА . Вториот чекор за разрешување на политичката криза беше превземен на 15 ти Јули 2015-та година кога медијаторите се појавија со нов Протокол од Пржинскиот Договор, во кој СДСМ требаше да се врати во Парламентот, и со тоа да започнат подготовките за предвремени парламентарни избори кои требаше да се одржат на 24-ти Април 2016-та година. Меѓутоа, политичката криза продолжи и парламентарните избори беа два пати презакажани за 24-ти Април 2016 потоа за 5-ти Јуни 2016-та за на крајот истите да се одржат на 11-ти Декември 2016-та година.

Кликнете тука за да ја прочитате целата анализа