Од јануари 2022 година започнува со работа локалната структура на проектот Заедно за просперитетна заедница. Дваесет и четири локални консултанти ќе покријат 17 општини на територија на Република Северна Македонија преку својoт ангажман за мобилизација на заедницата, креирање на мрежи и имплементација на локални акции и активности во насока на обезбедување на самоодржливост на заедницата. Општините во кои ќе работат овие консултанти се поделени во 8 региони. Во секој регион ангажирани се по 3 профили на консултанти: Консултант за бизнис и претприемништво, Консултант за заедница и дијаспора, и Алумни консултант (за дипломирани и тековни студенти корисници на стипендиите на РЕФ и МОН).

Локалната структура е дел од проектот Заедно за просперитетна заедница е финансиран од Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), како дел од програмата „Активности за самоодржливост на заедницата“ (ЦСРА), чија цел е да воспостави одржливи системи и да развие капацитети на заедниците, така што заедниците ќе можат да планираат, финансираат и имплементираат решенија за сопствените развојни предизвици и приоритети. Проектот е  имплементиран од страна на Институтот за истражување и анализа на политики–Ромалитико во партнерство со  Здружението на граѓани „Ромаверзитас“,  Здружение за јакнење и организирање на ромската заедница „Романо Авази”, и Здружението на граѓани „Иницијатива за Економски Развој на Ромите- РЕДИ Скопје”