Во рамки на втората фаза на РОМАКТЕД програмата „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“ на 14 јуни 2021 се одржаа информативнa средбa со општинaта Дебар.
На средбата учествуваа градоначалникот на општина Хекуран Дука, претставници од општинската администрација и националниот тим за поддршка на РОМАКТЕД програмата, Ѓултен Мустафова проектен координатор и Мерсиха Усеин контакт точка од Институтот за истражување и анализа на политиките – Ромалитико како организација за поддршка на имплементацијата.
Градоначалникот беше информиран за концептот и целите на втората фаза на РОМАКТЕД програмата. Националниот тим за поддршка истакна дека втората фаза на РОМАКТЕД програмата е поддршка на локалните власти да ги интегрираат специфичните активности/мерки за Ромите во главните локални политики, акционите планови поврзани со овие политики, буџетите и испораката на јавни услуги, со што ќе се зајакне демократското учество и зајакнување на локалната ромска заедница.
Како основни цели на програмата беа истакнати: подобрување на локалната демократија, отчетност, инклузивност и одговорност кон ромските граѓани и со тоа и подобрена испорака на услуги.
Градоначалникот Дука ја истакна поддршката и подготвеноста на општинската администрација на Дебар за спроведување на оваа фаза на РОМАКТЕД програмата.
Општина Дебар беше опфатена и во првата фаза на РОМАКТЕД програмата „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“.
Втората фаза на Програмата РОМАКТЕД официјално започна на 1 јануари 2021 година и ќе се спроведува во период од четири години (48 месеци). Истата е финансирана од ЕУ и Советот на Европа и имплементирана од Советот на Европа.