Појавата на КОВИД-19 вирусот во Кина во текот на минатата година како и брзото ширење на  вирусот во светски рамки придонесе Светската здравствена организација за прв пат да прогласи  пандемија во целиот свет. Заклучно со 16.04.2020 регистрирани се околу 1.9 милион луѓе во 213  држави, од кои околу 144 илјади жртви на вирусот на глобално ниво. 1 Асимптоматската  манифестација на вирусот влијае на брзината со која КОВИД-19 се шири, при што податоците и  искуствата во земјите укажува на тоа дека за неколку недели, па дури и денови, веројатно е дека  слични ситуации со оние што се гледаа во Кина и Италија, може да се видат и во други ЕУ  предизвикувајќи крах на здравствените системи и голем број на човечки жртви.

Имајќи предвид дека ситуацијата се развива многу брзо, потребата од проактивен и сеопфатен  пристап е од суштинско значење со цел да се одложи процесот на пренесување на вирусот.  Одговорот на државите во справување со вирусот е различен според видот на мерки од типот на  социјално дистанцирање, подигнување на јавната свест, масовно тестирање на населението,  ограничување на движењето на населението, засилен мониторинг, набавка на дополнителна  опрема на здравствените институции, тренинг на здравствените работници и сл. Одредени држави  во справување со овој вирус одлучија процесот да се одвива по “природен пат“ , применувајќи  “стратегија за развивање на имунитетот на стадото”. 2 Оваа невидена глобална криза е обележана и со погрешно комуницирање во врска со  непосредната закана на КОВИД-19, што доведува до неактивност и забуна во јавноста.  

Здравствената писменост се појави во текот на изминатите 3 децении како една од најсилните  психосоцијални детерминанти на здравјето, а исто така се покажа дека објаснува низа здравствени  разлики според возраста, расата / етничката припадност и социоекономскиот статус. 3 Така, во  несигурни времиња како ова, кога постои обемно пренесување на јавните здравствени пораки,  многу ранливи популации можат дополнително да бидат маргинализирани со несоодветна  здравствена комуникација, предизвикувајќи значителни ризици за себе и за нивните заедници. 4 Еден од факторите што ги прави ваквите поединци поранливи се поврзани со намалена можност за  пристап и разбирање на здравствени информации, донесување добро информирани одлуки и  преземање на соодветни активности за сопствена грижа на здравјето.  

Во Република Северна Македонија, најголем пораст е забележан во текот на вчерашниот ден при  што во текот на 24 часа забележени се 107 нови случаеви, и заклучно со податоците од 16.04.2020  регистрирани се 1081 случаеви на КОВИД-19 во 13 општини. Според категоризацијата на ризикот  од СЗО, се проценува дека ризикот за понатамошно ширење на КОВИД-19 во Република Северна Македонија е многу висок. 5 На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба на  18.03.2020 година, при што Претседателот на државата вчера ја продолжи вонредната состојба за  дополнителни 30 дена.   

Според укажувањата на Министерот за здравство пикот за бројот на заболени со КОВИД-19 се  очекува во наредните 2 недели. Пораките на Владата и Министерот на здравството постојано се  насочени кон почитување на донесените мерки и поголема свесност на граѓаните за грижата на  сопственото здравје и здравјето на останатите. Сепак, и покрај донесените мерки, степенот на  свесност кај населението е на релативно ниско ниво, и може да се забележи несовесно однесување  на луѓето кои се одговорни за здравјето на граѓаните – медицинскиот персонал, носењето на одлуки – политичарите, како и луѓето кои треба да информираат за состојбата – новинарите.   Во процесот на информирање на граѓаните во услови на глобална криза особена одговорност имаат  медиумите.

Потребата од точни и навремени информации е клучна детерминанта за разбирање на  информациите и пораките од институциите како и , одржувањето на психичкото здравје. Сепак,  одредени медиуми и портали не ја испуштија можноста за пласирање на лажни вести поврзани со  разни теории на заговор, креирање на сензационални вести при што придонесе кон конфузија кај  населението.   Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико ја согледа потребата од  утврдување на моменталната свест за КОВИД-19, перцепцијата за сериозноста на нејзината закана,  нивото на загриженост на населението и пристапи кон спроведување на Анкетен прашалник за  степенот на информираност на населението.   

Кликнете тука за да ја прочитате целата анализа

1 Светска Здравствена Организација (16.04.2020), WHO Covid-19 Dashboard, https://covid19.who.int/  

2 Европски центар за превенција на заболувања и контрола: (2020), Пандемија на Корона вирусот: Зголемен  пренос  вирусот  во  ЕУ  и  Велика  Британија,  шесто  издание  достапно  на  https://www.ecdc.europa.eu/sites/default/files/documents/RRA-sixth-update-Outbreak-of-novel-coronavirus disease-2019-COVID-19.pdf

3 Wolf MS, Serper M, Opsasnick L, et al, Awareness, Attitudes, and Actions Related to COVID-19 Among Adults with  Chronic Conditions at the Onset of the U.S. Outbreak, Ann Intern Med. 2020; достапно на  https://doi.org/10.7326/M20-1239 

4Ibid  1 

5 Министерство за здравство, Состојба со Ковид19 во Северна Македонија и светот достапно на  http://zdravstvo.gov.mk/wp-content/uploads/2020/04/info-COVID-19-do-14-april.pdf