Денес на 15 јуни 2021 година Националниот тим за поддршка на имплементацијата на РОМАКТЕД II Програмата „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“ Ѓултен Мустафова проектен координатор од програмската канцеларија на Совет на Европа во Скопје и Мерсиха Усеин контакт точка од Институтот за истражување и анализа на политиките – Ромалитико како организација за поддршка на имплементацијата, одржа информативни средби со општините Гостивар и Тетово.
На средбата со Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари, Националниот тим за поддршка истакна дека втората фаза на РОМАКТЕД II програмата обезбедува поддршка на локалните власти да ги интегрираат специфичните активности за Ромите во главните локални политики.
На сребата во Тетово учествуваше Ахмед Ќазими, Раководител на сектор и контакт точка од општината Тетово кој ја пренесе и истакна поддршката на Градоначалникот Теута Арифи во процесот на имплементирање на втората фаза од програмата. Главен акцент се стави на можностите кои преку структурите на РОМАКТЕД II програмата на локално ниво ќе се овозможи зајакнато демократското учество и зајакнување на локалната ромска заедница.
Покрај воведот во втората фаза на РОМАКТЕД програмата во рамки на средбите беа дискутирани можностите за подобра координација и имплементација на програмата имајќи ги предвид сите тековни и постоечки капацитети и активности кои се во насока на подобрување на положбата на ромската заедница а се имплементирани од страна на општините.
На крајот на средбите беше истакната поддршката и подготвеноста на градоначалниците и општинската администрација на Гостивар и Тетово за непречена и ефективна имплементација на РОМАКТЕД II програмата.
Втората фаза на оваа програма е финансирана од Европската Унија и Советот на Европа и имплементирана од Советот на Европа.