На 11 ноември 2022г во рамките на втората фаза на РОМАКТЕД програмата, Ромалитико и Програмската канцеларија на Советот на Европа организираа јавна дебата за 3 подготвени анализи и едно ситуационо тестирање за пристап до добра и услуги.
Анализите се однесуваат на состојбата на локално ниво на Ромите повратници во 15 општини, здравствените услуги за Ромите во Шуто Оризари, влијанието на приватните компании и понудата за работа врз младите Роми во Кочани, Виница и Штип како пречка за понатамошно образование.
Во рамките на анализите беа опфатени следниве елементи: ранливост на Ромите повратници по области (здравствена заштита, образование, вработување и домување), застапеноста на голем број на млади Роми веднаш по завршувањето на средното образование како вработен кадар во приватните фирми (70% на ученици Роми од учебната 2021/2022), пристапноста до здравствена заштита на ромската заедница во Шуто Оризари.
Истите ќе бидат финализирани и со препораките од овие анализи ќе бидат доставени до надлежните институции во насока на подобрување на положбата на Ромите на локално ниво.
РОМАКТЕД програмата во Северна Македонија покрај промовирањето на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво има за цел да ги следи и политиките на локално ниво во чија насока се подготвени и овие анализи.