По самото осамостојување ромската заедница преку претставници од политичките партии и невладини организации (НВО) учествува во политичкиот живот на Република Македонија. Сепак, политиките кои ги засегаат Ромите се повидливи и поефикасно спроведување од страна на граѓанското општество, отколку од страна на политичките партии. Со други зборови, политиките за Ромите се главно финансирани од надворешни донатори односно меѓународни организации, фондации, приватни донатори. Во периодот помеѓу 2004 и 2005 Македонија ги започна преговорите за влез во Европската Комисија (ЕК), како дел од условите за влез во ЕУ беше поставено да се подобри состојбата на Ромите во Македонија односно почитување на човековите права (Поглавје 23). Оттука, како дел од процесот на проширување на ЕУ, соработката помеѓу различните актери започна да биде повидлива.
Во Јануари 2005 година, Владата на Република Македонија ја усвои Националната Стратегија за Роми и разви Национални Акциони Планови (НАП) во четири области: вработување, домување, здравство и образование. Истовремено, Декадата за Роми 2005 – 2015 и Национална Стратегија за Роми беа двата политички документи насочени кон подобрување на состојбата на Ромите во РМ. Во 2008 година во рамките на Министерството за Труд и Социјална Политика (МТСП) беше формирано Одделението за имплементацијата на Национална Стратегија за Роми и Декадата за Роми. Ова одделение е координирано од страна на Министерот без Ресор кој воедно беше и Национален координатор на Декадата и Национална Стратегија за Роми во соработка со МТСП. Подоцна соработката продолжи и со Секретаријатот за Европски Прашања (СЕП) и Делегацијата на ЕУ во Македонија.
Целта на овој документ е да понуди политики и насоки на надлежните институции кои се директно вклучени во дизајнирање и имплементирање на различни политики и програми за Роми. Притоа, овој документот нуди опции на политики преку кои би се решиле идентификуваните проблемите за различни прашања поврзани со имплементацијата на Стратегија за Роми. Сепак, за подобрување на имплементацијата на Националната Стратегија за Ромите, потребно е силна политичка посветеност и јасна координација на сите релевантни чинители.