Процесот на креирање на јавни политики за Роми во Република Македонија (РМ)  започнува во 2004 година по иницијатива на Владата на Република Македонија  и подготовката на Стратегијата за Роми. Креирањето на јавни политики за Роми  во Република Македонија како процес е наметнат од меѓународната заедница, а  ромското цивилното општество прво се приклучи кон оваа иницијатива за  подобрување на состојбата на Ромите за која работеше подолг период. Клучна  година и почеток на имплементација на јавни политики наменети кон Ромската  заедница може да се смета 2005 со носењето на  двата клучни документи  Стратегија за Роми, усвоена од Владата на Република Македонија и  приклучувањето кон регионалната иницијатива за вклучување на Ромите во  општеството “Декада за вклучување на Ромите 2005-2015“ со потпишување на  Декларацијата во Софија.   

Со спроведувањето на  јавните политики за Роми, поголемиот дел од јавноста,  смета дека има позитивно влијание врз интеграцијата на Ромите во Република  Македонија, но сепак останува уште многу да се сработи за да се постигне  ефективно поместување во вклучувањето на Ромите во општеството.   

Денес во Република Македонија прашањето на вклучување на Ромите во  општеството е таргетирано низ Стратегијата за Роми 2014-2020 и Интеграција на  Ромите 2020 во рамки на Советот за регионална соработка (СРС) – Сараево, која  преставува регионална иницијатива на Западен Балкан и Турција и може да се  смета за пост регионален проект на Декадата за вклучување на Ромите 2005 –  2015 година.     

Со оваа Анализа се обидуваме да предочиме за можностите од применливоста  на националните политики на локално ниво.

Кликнете тука за да ја прочитате целата анализа