ПАРИЧНИ надоместоци за децата од семејства во социјален ризик

Ова истражување е резултат на проектот „Зајакнување на ромските  деца и семејства во остварување на нивните права”, што нашето  здружение го имплементира во периодот јуни 2016-април  2017 во 6 општини и тоа Прилеп, Шуто Оризари, Битола, Штип,  Куманово и Ѓорче Петров.  

Целта на истражувањето е да се идентификуваат пречките и факторите  кои влијаат на остварување на правата на децата Роми во поглед на  нивната социјална заштита, и со тоа да се придонесе кон нивна поголема  информираност и инволвираност во институционалните механизми за  парична поддршка и развој.  

Појдовна основа за ова истражување беше проценката на УНИЦЕФ  од 2012 година во врска со системот на детски додаток во земјата, во  која беше објавено дека бројот на корисници на клучните права од  детски додаток опаѓа брзо и дека овие бенефиции не стигнуваат до  најсиромашните домаќинства со деца. Луѓето кои живеат надвор од  главниот град се борат за да добијат информации и не се секогаш свесни  за документација која е потребна и на тој начин повеќе се потпираат на  Центарот за социјална работа. Најчесто се работи за ромски семејства  кои се изложени на постојана сиромаштија и сиромашните земјоделски  семејства кои најчесто се погодени од природни катастрофи и ризици.  

Процесот на истражување, а и самиот извештај, го спроведе/подготви  Институт за Истражување и Анализа на Политики – Ромалитико како  ангажирана надворешна страна/консултант, а додека локалните  партнер здруженија во поединечните 6 опфатени општини овозможија  логистичка поддршка при реализација на активности со заедницата.

Кликнете тука за да го прочитате целото истражување