Прирачникот има за цел на корисниците од ромската заедница да им даде преглед  на информации за можностите на остварување на нивните права кои произлегува ат од сферата на вработување, правната и здравствената заштита и пристапот  до домување.   

Во насока на забрзувањето на процесите на вклучување на Ромите во општеството  овој прирачник е понуден како алатка со можност за информирање на темите кои  се обработуваат. Темите кои се обработуваат, содржат посебен осврт на ромска та популација и на жената Ромка. Прирачникот содржи четири теми, накратко е  прикажана моменталната состојба на ромската заедница за наведените теми и се  дадени одговири на најчестите прашања со кои се соочува ромската заедница.  Прирачникот е во форма на „прашање – одговор“ (П – Прашање; О – Одговор)  како практични примери, на јазик прилагоден и разбирлив за целната група за  посебните теми.  Прирачникот е наменет за ромската популација, со цел да се зголеми степенот на  информираност и да обезбеди практични совети во надминување одредени про блеми во доменот на вработување, правната и здравствената заштита и пристапот  до домување.  

Овој прирачник е подготвен во рамките на проектот „Зголемување на учеството на  жените Ромки на пазарот на трудот“, финансиран од Европската Унија во рамките  на Програмата ИПА за развој на човечките ресурси, а спроведуван од МРФП,  во  партнерство со организациите: НВО КХАМ – Делчево, Микрокредитна фондација  Хоризонти и ХДЗР Месечина од Гостивар.

Кликнете тука за да ја прочитате целата анализа