Појдовна основа за анализа на јавните политики за Роми е потпишување то на меѓународната декларација „Декада на Ромите 2005 – 2015“, каде земјите  потписнички, меѓу кои и Република Македонија, се заложија дека ќе работат  на намалување на јазот помеѓу Ромите и Не-Ромите, во четирите приоритетни  области: вработување, домување, образование, здравство и со посебен  фокус на родовото прашање, дискриминација и политичко учество.  

Како резултат на ова, Република Македонија донесе низа мерки во  рамките на т.н. меко законодавство (soft-law) – програми и планови кои немаат  правно обврзувачко дејство и кои зависеа пред `се од добрата волја на  власта.  

Може да се напомене дека Декадата за вклучување на Ромите ја зајакна  соработката помеѓу меѓународните организации и Владите на државите  потписнички, но, сепак постои чувство дека Декадата и Стратегијата за  Ромите како документи за јавна политика за Ромите во Република Маке донија произведуваат многу мал број на видливи резултати, во смисла на  имплементирање на ефективни акции во долните слоеви на општеството и  не успеаваат да донесат значајни резултати за подобрување на состојбата на  ромската заедница.  

Во изминатиот период различни институции започнаа да спроведуваат  делови од ромските јавни политики, преку проекти финансирани од страна на  донатори. Преку овие проекти се идентификуваат модели на добри практики  за идното справување со комплексната состојба на Ромите. Меѓутоа, иако се  идентификувани некои добри практики и решенија на одредени проблеми,  истите не се систематски вградени во институциите, па дел од нив `се уште  претпочитаат користење на странски донации.  

Народниот правобранител како орган кој ги штити уставните и законски  права на граѓаните, и орган кој превенира и промовира еднаквост на граѓаните,  следејќи ја состојбата со Ромите како ранлива и маргинализирана група, а  притоа имајќи ги предвид Националната стратегија за Ромите и процесот  наречен Декада на Ромите, кои имаа за цел подобрување на состојбата со  Ромите и надминување на јазот помеѓу Ромите и припадниците на другите  заедници, оцени за потребно во 2018 година да спроведе истражување  насловено „Инклузија на Ромите по завршувањето на Декадата на Ромите-,  тековна состојба и предизвици“.

Истражувањето за потребите на Народниот правобранител го изготви Институтот за истражување и анализи на политики- Ромалитико, Скопје.

Кликнете тука за да го прочитате целото истражување