Проектот „Граѓанска Интеграција за Роми 2020“, што го имплементира Институтот за истражување и  анализа на политики – Ромалитико, има за цел да даде придонес на граѓанското општество во  следењето и во оценувањето на јавните политики кои произлегуваат од Националната Стратегија за  Роми и Националните Акциони Планови. Овој извештај ги обединува наодите, заклучоците и  препораките што произлегуваат од следењето на приоритетните области од Националната Стратегија  за Роми – Вработување, Домување, Образование и Здравство.  

Генерален заклучок е дека политиките за Интеграција на Ромите во горенаведените области за  периодот Јануари-Декември 2020, не го достигнаа очекуваниот прогрес. Дополнително, прогресот  што беше постигнат во изминатите години се анулираше, бидејќи кризата предизвикана од Ковид19  дополнително ја влоши положбата на Ромската заедница и ја врати на дури полоша положба од  почетокот на 2014 година.   

Во однос на вработувањето, има зголемување на регистрираната невработеност на Ромите, при што  во апсолутни бројки има регистрирано најголем број на Роми како активни баратели на работа.  Активните политики на пазарот на трудот немаат ефект во зголемување на вработливоста на  Ромската заедница, при што образовната квалификација е непроменета во однос на почетната  состојба. Во однос на домувањето, општините ниту ги урбанизираат ромските населби ниту ги  користат државните средства за урбанизација. Новиот предлог закон за легализација е можност за  да се реши прашањето за легализација, при што паралелно треба да оди процесот на креирање на  нови ГУП и ДУП планови.  Во областа на здравството, лошата социо-економска состојба дополнително  ја влошува здравствената состојба; буџетот во рамките на Министерството за здравство и понатака  останува неискористен; додека бројот на ромски здравствени медијатори се намали и истите не сè  систематизирани во здравствениот систем. Дополнително, главен проблем во наредниот период е  вакцинацијата на Ромската заедница со оглед на тоа што лажните вести и немањето на пристап за  вакцинирање на население кое нема пристап до интернет, или кои се во длабока сиромаштија  придонесуваат оваа категорија на граѓани да бидат изоставени како приоритетна група за  вакцинација.  Остануваат клучните предизвици во процесот на спроведување на Националната  стратегија за Ромите и Акционите планови – намалување на невработеноста и трансформација на  неформалната економија во формална, урбанизација на ромските населби и легализација, премин од  основно во средно образование на ученици Роми, додека пак во областа на здравството – краткиот  животен век на Ромите и високата стапка на смртност кај новороденчињата. Планираниот буџет за  2020 година е помал за 19% во споредба со 2019 година, при што реализацијата на буџетот е 68%.   

Имајќи во предвид  дека 2020 е последна година од постоечката Стратегија на Роми, може да се  заклучи дека во однос на приоритетните области домување и инфраструктура ситуацијата е  подобрена, пред се поради реализацијата на инфраструктурни проекти и зголемувањето на буџетот  во рамките на Министерството за транспорт и врски. Постигнатите позитивни ефекти во делот на  вработување се анулирани, додека здравствената ситуација генерално е влошена. Во делот на  образование, одредени политики се систематизира, но дополнителен предизвик кој произлезе од  пандемијата е дигитализацијата на образованието и подготвеноста на Ромската заедница со следење  на овој тренд. Дополнителен негативен ефект за реализацијата на таргетите од НАП исто така се  должи и се на политичките процеси во државата, вклучувајќи го референдумот за името, честите  4  избори, како и честите промени на клучните луѓе кои беа назначени за координација и  имплементација на целиот процес.   

Извештајот во сенка врши проценка на нивото на имплементација на НАП во приоритетните области  на релевантните министерства и ги оценува спроведените мерки за социјална инклузија на Ромите.  Извештајот опфаќа период јануари – декември 2020 година.   

Бидејќи има значително задоцнување во објавувањето на официјалниот извештај за спроведување  на Стратегијата за Роми подготвен од страна на Владата на Република Северна Македонија, овој  извештај ги пополнува празнините и презема критички осврт кон примената на Стратегијата за Роми.  Во подготовката на извештајот применета е методологија за следење на приоритетните области –  вработување, образование, домување и здравство развиена во 2016 година, како и во претходните  извештаи. Методологијата вклучува прибирање и анализа од примарни и секундарни извори.  Примарните податоци се прибрани преку разговор со Ромската заедница во форма на онлајн дијалози  како и преку информации прибрани преку БИЈК.

Кликнете тука за да го прочитате целиот извештај