Една од проектните цели е зајакнување на Ромската заедница да преземе лидерска улога во поглед на вклучување на заедницата во развојот и спроведувањето на националните стратегии и политики кои се однесуваат на инклузијата на Ромите. Дополнително како специфична цел на проектот е идентификување, поддршка и зајакнување на капацитетите на припадниците на маргинализирани групи во Ромската заедница.
- ЦЕЛ НА ПОВИКОТ
Целта на овој повик е да се обезбеди поддршка на најмногу (3) три граѓански организации кои ќе дизајнираат предлог проекти (акции) со активности за застапување на прашања кои засегаат лица кои припаѓаат на наведените целни групи во рамки Ромската заедница во Република Северна Македонија. Преку овој повик се очекува да се зголеми придонесот кон Ромската заедница од страна на граѓанските организации кои работат во областа на застапување на правата и поддршка на следните целни групи:
- Лица со попреченост;
- Жената Ромка;
- Деца во ризик и деца во судир со законот;
- Корисници на дроги;
- Бегалци, лица под супсидијарна заштита, и/или државјани на РСМ повратници кои биле одбиени како баратели на азил во трети држави;
Еден (1) предлог проект (акција) може да содржи активности во поддршка на една (1) или повеќе од целните групи.
Специфична цел на повикот е интер-секциско зајакнување и поддршка на Ромската заедница преку:
-идентификување и спроведување на активности за поддршка (психолошка поддршка, правна поддршка и зајакнување итн.) на Роми со попреченост, жената Ромка и деца Роми во ризик и во судир со законот, Роми корисници на дроги; Роми бегалци и/или Роми под супсидијарна заштита и/или Роми државјани на РСМ кои се повратници во државата по одбиено барање на азил во трета држава;
-застапување на политики и акции за институционална инклузија и видливост на потребите на овие целни групи во националните стратешки документи;
- СОДРЖИНА НА ПРЕДЛОЖЕНИТЕ АКЦИИ
Проектните апликации треба да содржат проектни активности во насока на остварување на дефинираната цел на повикот, особено на специфичната цел на повикот. Малите акциски грантови имаат за цел да ја подобрат положбата на овие целни групи во рамките на Ромската заедница и да придонесат кон борба против различни форми на дискриминација со кои се соочува Ромската заедница. Застапувањето пред институциите треба да има централно место во предложените проекти. Акциите кои ќе вклучат директно ангажирање на Роми припадници на целните групи во повикот ќе имаат предност при селекцијата.
Спроведувањето на акциите треба да се одвива во траење од 6 до 9 месеци периодот април – декември 2022 година. Овој период ги вклучува и подготвителните активности како и подготовката на завршниот наративен и финансиски извештај.
- ГЕОГРАФСКИ ОПФАТ
Во рамки на повикот ќе се поддржат предлог проекти кои предвидуваат спроведување на активности на територија на Република Северна Македонија со фокус на следните 18 општини:
Кичево; Велес; Гостивар; Виница; Неготино; Струмица; Кавадарци; Дебар; Кочани;
Град Скопје; Битола; Прилеп; Крива Паланка; Радовиш; Берово; Штип; Куманово; Тетовo
- РАСПОЛОЖЛИВИ СРЕДСТВА
Вкупната сума на расположливи средства за акциски грантови во рамки на проектот е 13.500 (УСД) американски долари. Планирано е да се доделат не повеќе од 3 грантови во износ од 4.500 (УСД) американски долари за спроведување на активности во предложената временска рамка.
Висината на поединечен грант треба да изнесува:
– најмалку 4.500 (УСД) американски долари (доколку содржи активности кои опфаќаат една од целните групи наведени во повикот)
– најмногу до вкупниот износ на расположливи средства во повикот, односно 13.500 (УСД) американски долари (доколку содржи активности кои опфаќаат најмалку три (3) од целните групи наведени во повикот)
Ромалитико го задржува правото да го смени овој износ (да го намали или зголеми) во зависност од резултатите од овој Повик. Конечниот договорен износ ќе биде усогласен со апликантот пред потпишување на договорот
- ГЕНЕРАЛНИ КРИТЕРИУМИ ЗА УЧЕСТВО ВО ПОВИКОТ
Организациите кои се заинтересирани да учествуваат на повикот мора да ги исполнуваат следниве општи критериуми:
– да биде граѓанска организација, здружение, асоцијација или фондација, регистрирана согласно Законот за здруженија и фондации;
– да биде активна на локално ниво;
– активно да работи со една или повеќе од целните групи од повикот;
– времетраењето на грантот не смее да трае помалку од 6 месеци или повеќе од 9 месеци;
– буџетот на грантот смее да го надминува износот предвиден во повикот;
Забелешка: На повикот не може да биде предложена акција финансирана од други извори на финансирање кои се спроведуваат во рамките на тековни проекти на организацијата. Исто така, доколку се утврди еднаквост или сличност на две или повеќе аплицирани акции, таквите апликации нема да подлежат на понатамошна квалитативна евалуација и ќе бидат одбиени.
Една организација може да аплицира како единствен носител и тоа само со еден предлог проект во рамките на повикот.
- ПОДОБНИ/НЕПОДОБНИ ТРОШОЦИ
Најголем дел од вообичаените оперативни трошоци ќе бидат подобни, вклучително:
– Трошоци за бруто-плати/хонорари на персоналот вклучен во спроведување на акциите; (максимум до 35% од вкупната вредност на проектот);
– Дел од редовните оперативни трошоци на граѓанските организации (канцелариски трошоци, кирија, телефонски сметки, итн.) кои се релевантни за предложената акција(максимум 10% од вкупната вредност на проектот);
-Директни трошоци поврзани со спроведување на предложените акции/активности: организирање на настани, печатење, материјали за видливост, превод и дизајн, изработка на веб страници и одржување, кампања, итн. (максимум 55% од вкупната вредност на проектот).
За акциските грантови во рамките на повикот, следните трошоци нема да се сметаат за подобни:
-Трошоци за активности кои се започнати пред денот на потпишување на договорот за грант;
-Трошоци за активности кои се завршени до/на денот на потпишување на договорот за грант;
-Трошоци што се финансиски поддржани од друг донатор;
-Проекти кои поддржуваат политички партии;
-Купување возила, ИТ техника, мебел и друг инвентар;
-Купување или реновирање (делумно или во целост) на недвижнини (земја, згради, итн.)
-Давање кредити на трети лица;
-Долгови и давачки за подмирување на долг;
-Акции поврзани само или во најголемиот дел со индивидуални спонзорства за учество во работилници, семинари, конференции и конгреси и други настани.
-Трошоци за даноци (ДДВ)*
*Апликантите со кои ќе биде склучен договор ќе треба самостојно да спроведат постапка за ослободување од ДДВ по основ на странска донација во Секретаријатот за европски прашања (СЕП), во соработка со Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико.
- ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ И НАЧИН НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ
Граѓанските организации аплицираат со пополнување на пријава која е потребно да ги содржи следниве документи:
- Уредно пополнет образец за предлог проект (Прилог 1)
- Уредно пополнет образец за предлог буџет (Прилог 2)
- Изјава (Прилог 3)
- Копија од решението за регистрација на организацијата издадено од Централен регистар или тековна состојба од Централниот регистар
Целосна апликација со сите придружни документи наведени погоре треба да се испратат единствено во електронска форма на [email protected] (со назнака во Subject: Application-01/2022), не подоцна од 17 часот, на 04 март 2022 година.
Забелешка: Во случај на некомплетна документација, апликацијата нема да биде предмет на понатамошна квалитативна евалуација и ќе се смета за одбиена. Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико, нема обврска после поднесена апликација во рамки на рокот за аплицирање да известат организација апликант дека нејзината документацијата е некомплетна.
- РОКОВИ
- Доставување на апликации: 04 март 2022 година, 17 часот
- Поставување прашања на електронска пошта со наведен референтен број во предмет на пораката: QA-01/2022 до 25 февруари 2022.
- Објавување на поддржаните акции и склучување на договори: март-април 2022.
- Спроведување на активностите: април – декември 2022 година
- ОЦЕНУВАЊЕ И ИЗБОР
Предлозите ќе се оценуваат од страна на Комисија на оценувачи која ќе биде формирана за целите на оваа активност. Селекцијата на ГО ќе се врши врз основа на однапред воспоставени критериуми за избор кои се дел од овој повик. Изборот на организациите на кои ќе се додели грант ќе се одвива во две фази и тоа:
- Оценување на пријавите
- Пријавата за предлог-проект и буџетскиот образец се целосно и соодветно пополнети и ги вклучуваат потребните прилози (копија од решение за регистрација на организацијата или
тековна состојба);
- Поднесувањето на апликацијата е извршено во временскиот рок наведен во Повикот;
- Организацијата ги исполнува генералните критериуми за учество на Повикот:
- Квалитативна евалуација на предлог проектите:
Бодирањето на предлог проектот ќе се врши според следната скала:
- Организациски капацитет и резултати од минато работење (максимум 30 поени):
- Искуство во работа со ромската заедница и другите целни групи на проектот (јавни институции итн.) (10 поени)
- Искуство на кадарот за реализација на проектните активности (10 поени)
- Административни, финансиски и управувачки капацитети (10 поени);
- Технички пристап (максимум 50 поени)
- Предлог-концепт на активности во согласност со целите на повикот (30 поени):
- Квалитет на предложените активности (10 поени);
- Соработка со Ромската заедница (10 поени).
- Предлог – буџет (максимум 20 поени):
- Трошковна ефективност (10 поени);
- Адекватна можност за финансиско управување (10 поени);
Одлуката на Комисијата за избор на грантови е конечна. Апликантите по добиеното известување за одбивање на доставената пријава, а коишто сметаат дека биле оштетени поради грешка или нерегуларност во текот на процесот, може да поднесат приговор до Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико. Приговорите мора да бидат поднесени во пишана форма, во рок од 10 дена по известувањето за одбивање, а треба да се поднесе лично на адресата на Ромалитико , ул. Аминта Трети (Ленинова) бр.33А/1-25, 1000 Скопје.
Поднесувањето приговор нема да го одложи или промени процесот на склучување договори
со избраните апликанти. Ромалитико ќе одговори на сите приговори во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на приговорот.
- ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
За организациите кои ќе бидат избрани ќе биде организирана средба за појаснување на правата и обврските што произлегуваат од доделувањето на финансиската поддршка. Сите организации кои се пријавиле ќе бидат известени за резултатите од Повикот.
Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико, го задржува правото да не додели дел или сите расположливи средства и истите да ги пренамени за идни повици.