По повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април, Институтот Ромалитико реализираше три настани во опсег на две недели 01.04-14.04.2024 за достојно да го одбележи денот и да ја едуцира пошироката јавност за културата, традицијата, историјата и јазикот на Ромите.

Изложбата „КОИ СМЕ НИЕ?“ која ги содржи најважните информации кои треба секој граѓанин на оваа држава да ги знае за Ромите овој пат беше поставена во Skopje City Mall од 01.04 – 14.04.2024. Истата беше посетена секојдневно од локални минувачи кои застануваа и ги читаа информациите на изложените 12 тотеми со информации и фотографии за нашата култура, традиција, историја и јазик. Истата беше дел од 6 национални медиуми и тоа: Слободен Печат, Алфа, МТВ1, Сител, Канал 5 и Телма, а објавена беше и низ повеќе популарни веб портали.

Настанот под истото име „КОИ СМЕ НИЕ?“ кој се одржа во Градскиот парк (кај Школка) на 13.04.2024 (сабота) понуди богата програма за сите возрасти кои тој ден дојдоа да не посетат. Започнавме со детска работилница со едукативни боенки со информации за Ромите. Продолживме со традиционален танц подготвен од Здружението на љубители на ромска фолклорна уметност „Романо Ило“. Следеше читање на ромска поезија и проза од нашите ромски творци Севдија Абдулова Демирова, Сафет Камбер и наградувани ученици Роми оратори од СУГС „Шаип Јусуф“ (Салија Шабан, Сумеја Џеладин и Сали Јакуп). Настанот продолжи и заврши со музички перформаси од Оркестар Цезар Шампиони и КАЈОН БЕНД, два бенда кои го задржаа духот на прославата низ четирите часа додека траеше настанот.

Вечерта истиот ден, ги заокруживме овие две недели константен активизам и едуцирање на јавноста со прослава заедно со нашите соработници, донатори и пријатели во ресторанот Ми Каса со музички перформанс на микс од традиционална и модерна џез и блуз ромска музика.

Проследете ги фотографиите од настаните како и сите видеа од медиумите и посетителите.

ГАЛЕРИЈА ОД НАСТАНИТЕ

 

ВИДЕО ВИДЕО ВИДЕО ВИДЕО ВИДЕО ВИДЕО