Датум на одржување: oд 24 јули (пристигнување 10:00ч.) – 27 јули (заминување 14:00ч.)

Локација: хотел Радика, Маврово

Институтот за истражување и анализа на политики – РОМАЛИТИКО во партнерство со Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ Скопје распишува јавен повик за учесници за Национален тренинг за човекови права – “Roma Youth Combating Antigypsyism”. Овој тренинг курс е организиран во соработка со Одделот за млади на Советот на Европа во рамките на програмата Млади за демократија.

Главна цел на тренингот е унапредување на вештините на учесниците да дејствуваат како обучувачи или мултипликатори за едукација за човекови права и антициганизам во контекст на национални или локални курсеви за обука преку користење на COMPASS и MIRRORS.

Како едукатори во формалното образование, учесниците ќе имаат можност да научат и понатаму интегрираат и користат методи и алатки од неформалното образование во нивната секојдневна работа, развиени според методологијата на COMPASS – прирачник за образование за човекови права со млади луѓе и MIRRORS прирачник за борба против антициганизмот преку едукација за човекови права


Специфични цели
 на тренингот се:

  • Зајакнување на разбирањето на клучните концепти на образованието за човекови права
  • Едукација на младите Роми да ја препознаат и интерпретираат природата и потребата од човековите права и реагираат на различни прекршувања како што се геноцид, ропство, тортура, трговија со луѓе, тортура, негирање на слободата.
  • Запознавање на младите Роми со антициганизмот, пристапот и активностите на COMPASS и MIRRORS за како најдобро да се користи и  прилагоди на локалните контексти и реалности

Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со еден поинаков методолошки пристап, а со тоа ќе развијат специфични компетенции од областа на неформалното образование што понатаму ќе ги користат, односно интегрираат во нивната секојдневна работа со млади луѓе. Тренингот ќе овозможи разбирање на моменталната состојба и предизвиците поврзани со човековите права на национално и локално ниво.

По завршувањето на тренингот, учесниците ќе станат главни мултипликатори со тоа што ќе продолжат да го промовираат COMPASS и MIRRORS како прирачници за образование за човекови права со млади луѓе, ќе имплементираат активности од неформално образование, кои ќе ги прилагодат на потребите на нивната целна група и на локалниот контекст.

Работен јазик: македонски

Профил на учесници:

  • Млади Роми на возраст помеѓу 18 и 29 години
  • Младински работници
  • Млади лидери
  • Активисти за човекови права
  • Волонтери
  • Студенти
  • Претставници на граѓански организации кои работат на тема човекови права, антициганизам, инклузија на ромската заедница

Кои се:

  • Мотивирани да учествуваат на тренингот;
  • Во можност да учествуваат на целиот тренинг и активно да се вклучат во спроведување на планираните активности;
  • Подготвени за нови методолошки и едукативни пристапи кои ќе ги применуваат во нивното секојдневно работење;
  • Подготвени да го пренесат стекнатото знаење и да зборуваат за важноста на човековите права по завршувањето на тренингот;
  • Во можност да имплементираат активности од неформално образование по завршување на тренингот.

Трошоци

Сите трошоци поврзани со тренингот и предвидените активности се покриени од страна на организаторите:

  • Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и од местото на пристигнување до местото на поаѓање
  • Сместување
  • Храна

Избраните учесници не треба да плаќаат за партиципација за учество на тренингот.

Начин на пријавување:

Сите заинтересирани може да се пријават за тренингот со пополнување на формуларот за учество достапен на овој линк.

Рокот за пријавување е до 7 јуни, 2024 година, до полноќ.

Доколку се потребни дополнителни информации за повикот и тренингот, ве молиме пишете нa [email protected] или телефонски на 078 367 400.