Проектниот тим на Проект на УСАИД за инклузија на Ромите на 14 јуни 2021 година одржа средба со градоначаникот на општина Струмица, г-дин Коста Јаневски. На оваа средба беше презентиран проектот на УСАИД и се истакнаа целите и активностите на проектот со цел за понатамошна соработка.

Заклучоците од состанокот беа дека е потребно да се поработи на подобрувањето на ситуацијата на Ромите во општината и да се почне со решавање на проблемите. Градоначалникот се согласи за понатамошна соработка и во иднина се очекува да се потпише меморандиум со општината.