Проектниот тим на Проект на УСАИД за инклузија на Ромите на 15 јуни 2021 година одржа средба со градоначаникот на општина Велес, г-дин Аце Коцевски. На оваа средба беше презентиран проектот на УСАИД и се истакнаа целите и активностите на проектот со цел за понатамошна соработка.

Заклучоците од состанокот беа дека е потребно да се поработи на подигање на јавната свест на ромската заедница и да се едуцира истата за важноста од образованието и вработувањето. Општина Велес излезе во пресрет за обезбедување на простор за канцеларија и тоа дополнително ќе се утврди. Во иднина се очекува да се потпише меморандиум за соработка со општината.