Во текот на викендот 12-13 Јуни, се одржа третиот модул од Барвалипе Школата.
На обуката за правни монитори, учесниците можеа да се запознаат со концептот на правно застапување, при што низ практички примери и студии на случај мониторите добија вештини за практично застапување на одреден проблем од заедницата.
На обуката за бизнис фацилитатори, главни теми кои се обработија беа креирање на бизнис план и финансиската конструкција на бизнис. Учесниците се здобија со вештини за истражување на пазарот, поставување на цени на производите/ услугите како и креирање на финансиска проекција на трошоците и приходите.
Главни теми на третиот модул од обуката за мобилизатори во заедницата беа дигиталното организирање на заедницата, градењето на тимови и дефинирањето на различните видови на моќ. Учесниците имаа можност низ практични примери да ги развијат своите вештини како и да ги премостат своите бариери во пристапот кон Ромската заедница на социјалните мрежи