На 16 ноември 2020 се одржа Дигитална Конференција за ЕУ Стратешката рамка за Ромите 2020-2030 и борба против антициганизмот: идно национално делувањe. На конференцијата поздравни обраќања имаа Амбасадорката на СР Германија во Северна Македонија, Анке Холштајн и Министерот за правда, Бојан Маричиќ.

Потоа, свои воведни обраќања на конференцијата имаа Штефан Мулер, надворешен советник на Централниот Совет на Синтите и Ромите – Германија и Марија Сулејманова од Институт за истражување и анализа на политики – Ромалитико. Конференцијата продолжи со обраќања на панелистите:

– Орхан Усеин, Регионален Совет за соработка, Интеграција на Ромите 2020

– Фикрија Таир, Советничка на Претседателот на Република Северна Македонија

– Елвис Мемети, Советник за Инклузија на Ромите во Кабинетот на Премиерот на Република Северна Македонија

– Неда Коруновска, Канцеларија за Ромски Иницијативи [RIO] – Берлин

– Нафи Сарачини, Делагација на Европската Унија во Северна Македонија

– Мустафа Јакупов, експерт по антициганизам, мрежа ЕРГО

 

Модератор на дискусијата беше, Суад Скендери од Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико