На 14 ноември 2022 година за прв пат во општина Крива Паланка усвоен е Локален акциски план за подобрување на состојбата на Ромите на локално ниво 2023-2026.

На денешната седница на Советот на општината учествуваa Претставници на Институтот за истражување и анализи на политики – Ромалитико и Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје кои дадоа краток осврт за содржината и значењето на овој документ за ромската заедница во оваа општина.

Усвојување на Локалниот акциски план на вчерашната седница на Советот е заложба на оваа општина кон подобрување на положбата на Ромите на локално ниво. Истиот претставува основа за креирање и реализација на локални политики и активности во доменот на домување, вработување, здравство, образование, борбата против дискриминација на Ромите и зачувување на културата и традицијата на оваа заедница. Од друга страна пак, ромската заедница во оваа општина за прв пат имаше можност да учествува во процесот на креирање на овој документ преку структурата на Акциската група на заедницата со што се остварува правото на партиципативно учество во процесот на креирање и следење на политиките на локално ниво.

Овој документ е подготвен врз основа на утврдените приоритети на заедница а со поддршка од воспоставена синергија меѓу Проект на УСАИД за инклузија на Ромите и заедничката програма на Советот на Европа и ЕУ, РОМАКТЕД II.