На 10 декември, Извршниот директор на Ромалитико, Елвис Шаќири и програмскиот менаџер, Алберт Мемети заедно со амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија, Рејчел Галовеј ја посетија ромската заедница во Кочани.
При посетата се разговараше за состојбата на ромската заедница и за јавните политики за Роми. Амбасадорката изрази подготвеност и волја заедно со останатите амбасади во земјава да ја поддржат интеграцијата на Ромите.
При самата посета заедно со тим лидерот на Аваја од Кочани, Јалчин Неџипов во рамки на проектот “UKaid in the Roma community” поддржан од Британската амбасада во Скопје се поделија 45 пакети за најранливите фамилии од ромската заедница погодени од Ковид19 пандемијата.