На 12 и 13 мај 2022 во Тетово, Ромалитико заедно со програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје организираа Обука за одговорно буџетирање за Роми и Обука за родова еднаквост и родово одговорно буџетирање со фокус на жената-Ромка.

Обуките имаа за цел да ги сензитивираат на локалните програми за родова еднаквост со посебен фокус на жената Ромка и да се спроведе поефективно планирање на буџет на локално ниво со поголем опфат на локалната ромска заедница.

Таргет групи кои беа опфатени со овие активности беа општинските контакт точки како дел од РОМАКТЕД структурата, претставниците од секторот за буџет и секторот за стратешко планирање во рамки на 14те општини партнери на оваа програма.

Обуките беа спроведени со поддршка на Регионалната иницијатива – Интеграција на Роми 2020 и UN women од Скопје.