Оваа анализа претставува сеопфатен приказ на соодветната и правичната застапеност на ромската заедница во државната и јавната администрација за 2016, 2017 и 2018 година.
Анализата во првиот дел го прикажува реформскиот процес на имплементација на принципот на правична и соодветна застапеност во однос на користените програми и политики, и посебно законските и институционалните промени.
Вториот дел од анализата се однесува на процентуалната застапеност на ромската заедница во државната и јавната администрација.
Податоците во оваа анализа вклучуваат државни органи, јавни претпријатија, општински институции и јавни установи. Податоците во анализата се прикажани во проценти и во апсолутни бројки а истите се добиени преку барања за информации од јавен карактер.
Според податоците од анализата за остварување на принципот на правична застапеност потребни вкупно се 362 вработувања во државните органи, 284 вработувања во јавните претпријатија, 1783 вработување во јавните установи и 72 вработувања на општинско ниво.
Со најавата за укинување на балансерот како софтвер ќе се појави потреба од регулирање на начинот на вработување во државната и јавната администрација.
Тоа што треба да се истакне е дека балансерот не придонесе за рамномерно спроведување на принципот на соодветна и правична застапеност за ромската заедница со што се јавува потреба од спроведување на отворена дебата во однос на новиот начин на определување на вработувањата во државната и јавната администрација.
Превземете ја анализата тука.