На 16 јуни 2021 година се одржаа информативни средби со општините Штип и Кочани во рамки на втората фаза на РОМАКТЕД програмата „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“.
На средбите учествуваа градоначалниците Сашко Николов и Николчо Илијев, претставници на општинската администрација како и националниот тим за поддршка на имплементацијата на РОМАКТЕД II Програмата составен од програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје како и Институтот за истражување и анализа на политиките – Ромалитико.
Тимот за поддршка на имплементацијата на оваа програма ги информираа градоначалниците Николов и Илијев за концептот и целите на втората фаза на РОМАКТЕД програмата. На средбата беше истакнато дека втората фаза на РОМАКТЕД програмата е поддршка на локалните власти да ги интегрираат специфичните активности/мерки за Ромите во главните локални политики, акционите планови поврзани со овие политики, буџетите и испораката на јавни услуги, со што ќе се зајакне демократското учество и зајакнување на локалната ромска заедница.
Покрај воведот во втората фаза на РОМАКТЕД програмата со градоначалниците беа дискутирани можностите за подобра координација и имплементација на програмата имајќи ги предвид сите тековни и постоечки капацитети и активности кои се во насока на подобрување на положбата на ромската заедница а се имплементирани од страна на општините.
Главниот фокус на овие средби беше истакната поддршката и подготвеноста на градоначалниците и општинската администрација на Кочани и Штип за непречена и ефективна имплементација на РОМАКТЕД II програмата.
Втората фаза на оваа програма е финансирана од Европската Унија и Советот на Европа и имплементирана од Советот на Европа.