Тимот на Проект на УСАИД за инклузија на Ромите на 16 јуни 2021 година одржа средба со градоначаникот на општина Радовиш, г-дин Герасим Конзулов. На оваа средба беше презентиран проектот на УСАИД и се истакнаа целите и активностите на проектот со цел за понатамошна соработка.
Заклучоците од состанокот беа дека е потребно да се поработи на подигање на јавната свест на ромската заедница и да се едуцира истата за важноста од образованието, вработувањето и прифаќањето на сопствениот идентитет. Општината ќе излезе во пресрет за наоѓање на простор блиску до ромската заедница кој ќе служи како канцеларија, но тоа треба дополнително заеднички да се утврди. Во иднина се очекува да се потпише меморандиум за соработка со општината.