На вчерашниот настан, организиран од Драгана Велковска и организацијата ЕДЕН, се одржа буџетски граѓански форум модериран од страна на професорот Бранимир Јовановиќ, во кој учество зедоа околу 10 организации, меѓу кои и Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитикo кој е дел од Aваја.

На форумот беа презентирани двата предлози кои ги подготви Ромалитико – отворање на противпожарна едница во Шуто Оризари и поставување на мерни станици за мерење на загаденоста и субвенционирање на поставување на фотоволтаични систем (соларни панели) или таргетирано субвенционирање на инвертер клими за граѓаните на Шуто Оризари.

Крајно време е Градот Скопје, да ги слушне потребите на граѓаните и истите да ги вметне во Буџетот 2021.