Позиција: Еден (1) проектен менаџер
Место: Скопје, Република Северна Македонија
Работен јазик: Македонски јазик
Работно време: 8 работни часа дневно
Рок за аплицирање: 23 декември 2024
Институтот за истражување и анализи на политики – Ромалитико во периодот 02.12.2024 – 02.10.2027 го спроведува проектот насловен Надвор од бариерите: Резилиентност на Ромите во Западен Балкан, финансиран од Европска Комисија – ИПА 3. Целта на проектот е зајакнување на регионалната инклузија на Ромите во Западен Балкан преку политики и иницијативи за справување со економските разлики, борба против антициганизмот и промовирање на социјална интеграција.
Опис на одговорности и задачи:
• Проектниот менаџер треба да планира, имплементира и успешно да ги извршува активностите во согласност со проектот и дефинираните рокови.
• Проектниот менаџер треба да обезбеди поддршка и координација согласно планот за работа на проектот.
• Проектниот менаџер треба да подготвува проектна документација, планови и извештаи во согласност со проектот.
• Проектниот менаџер треба да подготвува и координира со тендерска документација за набавки потребни во проектот.
• Проектниот менаџер треба редовно да комуницира со проектниот директор и партнерите како и засегнатите страни за статусот на имплементација на проектот.
• Проектниот менаџер треба да извршува и други активности поврзани со имплементација на проектот.
Квалификации:
Кандидатите кои ќе аплицираат на повикот треба да ги поседуваат следните квалификации:
• Завршено минимум високо образование (додипломски студии) од областа на општествените науки или други области дополнети со искуство во соодветната област
• Стекнато минимум 2 години работно искуство во менаџирање на програми/проекти
• Поседување на вештини за раководење со проект
• Напредно познавање на Microsoft Office (Word, Excel, Power Point) и интернет алатки
• Одлично познавање на Англиски јазик
• Претходно работно искуство во програми или проекти финансирани од страна на ЕУ ќе се смета за дополнителна предност
Доставување на апликации:
Кандидатите за проектен менаџер треба да ги достават следните документи:
• CV
• Мотивациско писмо
• Листа на референци (работодавачи) за контакт
Документите за пријавување треба да се достават по електронски пат на е-маил адреса: [email protected], најдоцна до 23 декември 2024 година со наслов „Апликација за проектен менаџер“
Селекција на кандидатите:
Селекцијата на подобните кандидати за проектен менаџер ќе ја врши комисија креирана од страна на Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико
Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико го почитува начелото на еднаков третман и недискриминација во одлуките.
Критериуми за селекција:
• Исполнување на условите на повикот
• Квалитетот на доставените документи
Само подобни кандидати ќе бидат повикани на интервју.
За одлуката за селекција на кандидатите ќе бидат известени само кандидатите кои ќе бидат повикани на интервју. Институтот Ромалитико го задржува правото да не ги извести одбиените кандидати за причините за нивно одбивање.
Дополнителни информации за повикот можете да добиете во просториите на Институтот Ромалитико во Скопје на адреса (ул. Мајаковски бр. 12/1-18), секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот или електронски на е-маил адресата: [email protected]









