„Учеството на ромската заедница на овие избори е можност за пренесување на ромските колективни интереси до кандидатите за претседател на државата. Од овие средби се подготви Манифест за ромската заедница со трите 3 конректни барања, кои ќе ги доставиме до политичките партии, до невладините организации и до странските преставништа“, рече граѓанскиот активист Елвис Шаќири.
Според нив, легитимитетот на оваа иницијатава произлегува од претходните консултации со заедницата и поддршката со 10.000 потписи од ромската заедница.