Проектниот тим на Проект на УСАИД за инклузија на Ромите на 18 Мај 2021 година одржа онлјан ZOOM средба со Исмаил Камбери (член на Комисијата за заштита од дискриминација) на која што ги презентираше целите и активностите на проектот, важноста од соработката со комисијата во хабовите низ дваесетте општини во државата и средбите со ромската заедница на терен.
Камбери се согласи дека е потребна работа со ромската заедница во сите 20 општини и хабовите преку оддржување на обуки за човекови права, работилници за надлежностите на Комисијата за заштина од дискриминација, обука за справување со дискриминацијата во делот на правните монитори (Барвалипе школа), посета на хабовите и локалното ромско население со цел советување за препознавање и постапување во случај на дискриминација како и потпишување на меморандум за соработка во блиска иднина.